Доктор објаснува што да очекуваме – лекот за Ковид-19 најрано може да се очекува за...

Точка

26/03/2020

11:53

3.089

Големина на фонт

а а а

Не постои волшебен лек против Ковид-19 ниту пак некое брзо решение. Дури доколку се потврдат резултатите од клиничките истражувања, може да се надеваме дека ќе биде регистриран некаков лек. До тоа треба да чекаме од шест до девет месеци.

Неколку лекови потенцијално се ефикасни во терапијата за лечење на заразените од коронавирусот, како што се антималарик хлорокин и некои антибиотици, но тоа не значи дека секој може да ги консумира, предупредува професорот од Фармацевтскиот факултет во Белград, д-р Мирослав Савиќ.

Тој исто така истакнува дека во текот на епидемијата во Кина биле истражувани неколку комбинации од лекови и сега се чека на објавување на резултатите од тие истражувања. Тоа се хлорокин во комбинација со некои од антибиотиците како што е рибавирин како и ремдесивир кој што се користел за лечење на ебола и некои лекови кои што се користеле против ХИВ вирусот.

Хлорокинот не смее самостојно да се консумира како лек против Ковид-19.


„Во овој момент, на светот не постои еден тераписки пристап кон пациентите кои што се заболени од коронавирусот туку терапијата се одредува од случај до случај поединечно“ вели д-р Савиќ.

„Сите споменати лекови можат да се применуваат само кај пациенти кои што се хоспитализирани затоа што тие лекови имаат тешки контраиндикации и непосакувани дејства и не смеат да се консумираат на своја рака. Значи, не се клучни за лечењето, а истовремено нема официјално потвреди докази дека се доволно ефикасни за лечење на Ковид-19“ – предупредува професорот.

Очекуваме лекот да го пронајдат Кина, Русија или САД, а на прашањето колку брзо може да се организира произведувањето на овие лекови доколку се потврди дека се ефикасни, д-р Савиќ истакнува дека најголемите произведувачи на активни супстанции за него се Кина, Индија и САД...


Тој исто така објаснал дека доколку некој лек во иднина добие официјална индикација поврзана со лечењето на Ковид-19, тоа прво ќе се случи во најголемите агенции како што се оние во Кина, Русија, САД...

„Би сакал во наредните неколку месеци некоја регуларна агенција да регистрира лек против Ковид-19, но мислам дека сега за сега сите лекови ќе продолжат да се консумираат без официјални индикации. Доколку тоа се случи, лекот би требало да го имаме од шест до девет месеци одсега“ – нагласил професорот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг