Приправничкиот стаж на полицајците се скратува од шест на пет месеци

Макфакс

25/03/2020

21:36

1.057

Големина на фонт

а а а

Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за внатрешни работи за време на вонредна состојба со која се утврдува дека приправничкиот стаж на полицаец – приправник кој има склучено договор за вработување во Министерството за внатрешни работи на 1 ноември 2019 година согласно членовите 99 и 102 од Законот за внатрешни работи, трае пет месеци.

Оваа уредба е донесена заради прогласената вонредна состојба во државата која наложува ангажирање на целокупниот капацитет на организациските единици во рамки на Министерството, вклучително и полицајците – приправници, и од тие причини се предлага оваа уредба со законска сила, со која траењето на приправничкиот стаж на полицаец – приправник (утврден во член 102 од Законот) се скратува од шест на пет месеци.

На овој начин ќе се овозможи дополнителен број на полициски службеници, согласно потребите, динамиката, обврските и задачите што ги има полицијата, за спроведување на одлуките, препораките, заклучоците и мерките што ги утврдува Владата на Република Северна Македонија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг