Актерката Линда Лусарди на респираторна машина! Заболела од коронавирусот, а нејзиниот сопруг е очаен: „Молете се да оздрави“

Точка

25/03/2020

19:13

3.101

Големина на фонт

а а а

Сопругот на актерката Линда Лусарди вели дека таа е на респираторна машина и дека ѝ е потребна помош во борба против коронавирусот.

Сем Кејн вчера ја опиша својата 61-годишна сопруга, која е актерка, манекенка и водителка, како да е „на прагот на смртта“, велејќи дека се бори со „сурова, грозна, безобразна, немилосрдна и мрачна болест“.

Денеска попладне тој ги извести загрижените фанови дека Линда не може сама да дише.

„Се плашам бидејќи денеска нема некоја промена на подобро кај Линда. Таа е иста од синоќа. Редовно јаде и пие, само ѝ треба ниво на кислород за да може да дише, пред да се случи некоја голема промена“, рекол тој.

„Уште е далеку од 'добро' и од излегување од овој пекол. Испратете ѝ ги вашите мисли, вашата љубов, вашите молитви и позитивност. Потребна ѝ е секаква помош“, напишал Сем на Фејсбук.



Спонзорирани линкови

Маркетинг