Станува збор за BMW 740i од 1997-ма година кој има поминато само 255 километри, а сопствениците го чувале во „стаклено ѕвоно“.
На германски eBay се појави интересен оглас кој го привлече вниманието на бројните вљубеници во автомобилите на BMW.
Од 21-ви март на продажба е BMW 740i, генерација Е38, за кој е наведено дека за прв пат е регистриран во 1997-ма година и истата година поминал само 255 километри. Од некоја причина, автомобилот потоа е гаражиран и чуван во пластична покривка со механичка циркулација на воздух.
Како што стои во огласот, прв сопственик на овој автомобил била госпоѓа родена во 1927-ма година која во 1997-ма година поминала само 255 километри.
Откако на 21-ви март беше поставен огласот, досега до огласувачот пристигнале вкупно 46 понуди на заинтересирани купувачи, а досега највисоката лицитирана сума изнесува нешто повеќе од 50 илјади евра. Аукцијата завршува на 31-ви март, па се очекуваат и повеќе понуди.
Што се однесува до самиот модел, BMW 740i под хаубата има 4,4-литарски V8 кој испорачува 286 коњски сили (210 kW) и 420 Nm максимален обртен момент. Моторот е поврзан со 5-степенски автоматски менувач.