ЕБУ со емотивно обраќање до фановите на Евросонг: „За првпат во историјата мора да го откажеме натпреварувањето“

Точка

18/03/2020

16:35

1.207

Големина на фонт

а а а

Откажан е овогодишниот Евросонг, кој требаше да се одржи во Ротердам. Веста е објавена на нивната официјалната страница.

„Со големо жалење ви пренесуваме дека е откажан Евросонг 2020 во Ротрдам. Во изминатите неколку недели истражувавме многу опции за да го одржиме натпреварот. Сепак, поради неизвесноста од Ковид-19 во Европа, и ограничувањата кои ги поставуваат останатите земји, исто како и холандската влада, Европската радиодифузна унија донесе тешка одлука дека е невозможно да се одржи манифестацијата во живо, како што беше планирано“, стои во објаснувањето.


„Многу сме горди што Евросонг секоја година досега, без прекин, ја обединуваше публиката и ни сме, исто како милиони обожаватели ширум светот, исклучително тажни што не може да се одржи и оваа година во мај. EBU, NPO, NOS, AVROTROS и градот Ротердам ќе разговараат за да бидат домаќини на натпреварот во 2021-ва година“, продолжуваат тие.

„Ги молиме луѓето да нè поддржат додека работиме на последиците на оваа невидена одлука и додека трпеливо ги чекаме новите вести во наредните денови и недели“, стои во соопштението.

Македонија оваа година требаше на Евровизија да го испрати Васил Гарванлиев со песната „You“. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг