До детаљ опишал како Чарли Шин силувал тинејџер: „Го силувал сред бел ден...“

Точка

11/03/2020

14:07

6.142

Големина на фонт

а а а

Некогашната филмска ѕвезда Кори Фелдман, изнел шокантни тврдења во својот нов документарец.

Ѕвездата од култниот детски филм „Gunisi“, Кори Фелдман, со години наназад ги изнесува своите тврдења дека Холивуд е преполн со педофили.

Никогаш тие свои тврдења не ги поткрепил со докази ниту пак открил за кои луѓе станува збор затоа што “се плашел од одмазда“.

Тој за овие информации барал надомест од милион долари за да има пари за обезбедување и адвокати “кога ќе започне холивудската хајка против него“, но никогаш никој не му ги дал тие пари.

Фелдман во својот нов документарец изнел шокантни тврдења дека детската ѕвезда која што починала на 29 години од воспаление на белите дробови, ја силувал Чарли Шин.


Фелдман во документарецот „Моја вистина: Силување на двајца Кори“, кој што бил емитуван на фестивалот во Лос Анџелес, открил имиња на луѓе кои што го злоставувале и него и неговиот пријател кога биле деца и раскажал дека Кори Хејм до детаљ опишал како Шин, како 13-годишник го силувал.

„Ми кажа дека го силувал сред бел ден. Ми кажа дека го турнал помеѓу две приколки и го нападнал“ - раскажал Фелдман во документарецот, изнесувајќи ги и деталните описи за тоа што му направил.

Уште неколку луѓе во документарецот потврдиле дека Хејм тоа му го раскажал, по што преку адвокат се огласил и Шин и кажал:

„Овие болни тврдења се лага. Точка“.