Нема мир на грчко-турската граница: Илјадници мигранти се обидуваат насилно да упаднат на територијата на Грција

Точка

07/03/2020

09:38

2.285

Големина на фонт

а а а

Илјадници мигранти и натаму се обидуваат да преминат од Турција во Грција во намерата да стигнат до западноевропските земји.

Европските министри соопштија дека Турција мора да престане да ги лаже мигрантите дека вратите на Европа се отворени и дека дури сега ќе разговараат со Анкара за евентуална помош и други прашања. Во последните 24 часа се уапсени 268 лица, а спречено е илегално влегување на грчка територија на 39 илјади лица, соопштија грчките власти.

Вчера, но и утринава повторно беше тензично во меѓуграничниот простор каде што грчката полиција ги спречуваше мигрантите да ја пробијат заштитната ограда со солзавец и водени топови. Турската полиција исто така испалувала солзавец за да им помогне на мигрантите илегално да упаднат на грчка територија, а целата ситуација била надгледувана со дронови.


Новинарите немаат увид колку мигранти се наоѓаат во појасот на турската страна од границата затоа што турската полиција и војска не им дозволуваат на мигрантите да го посетат просторот.

Мигрантската криза помеѓу Грција и Турција прерасна и во политичка криза. Официјална Атина обвинува дека ова е инвазија на грчките граници, а турските медиуми тврдеа дека грчките полицајци убиле еден мигрант, нешто што го демантираа грчките безбедносни сили, истакнувајќи дека било пукано со гумени куршуми.

Инаку деновиве беше постигнат договор помеѓу Русија и Турција за примирје во сириската провинција Идлиб и се очекува во следните денови да се смири ситуацијата на грчко-турската граница, иако во најголем дел мигрантите таму не доаѓаат од Сирија, туку од Пакистан, Иран и други земји.



Спонзорирани линкови

Маркетинг