На Пендаровски не му кренала бидејќи телефонот и бил дома, ама за Вучиќ нашла начин: Српскиот претседател и честиташе на Давкова на Твитер, таа му врати

Точка

09/05/2024

00:07

10.233

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и ја честиташе победата на новиот и воедно прва жена претседател на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

„И честитам на @gogamkd на изборот за претседателка на Македонија, со желба успешно да ја врши одговорната должност која ја презема. Уверен сум дека заеднички ќе продолжиме да работиме на зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија со цел напредок на нашите народи, како и просперитет на целиот регион“, стои во твитот на српскиот претседател.

Идната македонска претседателка одговори на честитката од српскиот претседател.

Многу ми значат Вашите искрените честитки, претседателе Вучиќ @predsednikrs. Очекувам дека ќе продолжиме да работиме на унапредување на извонредните македонско-српски односи. Хвала пуно, председниче Вучићу!

Интересно, претходно Давкова на прес-конференција изјави дека слушнала дека Пендаровски рекол дека и ѕвонел на телефон, но таа го заборавила мобилниот дома, па испратила луѓе да ѝ го донесат. Изгледа и го донеле на време за му одговори на Вучиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг