Позната состојбата на повредените во стравотната несреќа во Србија: Девојче (13) во кома, 7 деца се повредени од уривањето на рингишпилот, тешко повредни брат и сестра, итно пренесени во болницата во Ниш!

Точка

08/05/2024

15:51

5.154

Големина на фонт

а а а

Девојче (13) се наоѓа во кома откако се урнала конструкцијата на рингишпилот на панаѓурот во Куршумлија, дознава српски „Блиц“.

„Едно дете е во кома, 13-годишно девојче кое неколку пати е реанимирана, уште две деца се со тешки повреди и со приватен автомобил се превезуваат во Ниш. Станува збор за брат и сестра. Четири деца се згрижени во болницата во Прокупље“, вели извор за „Блиц“.


Денес, околу 13 часот и 30 минути попуштила конструкцијата на рингишпилот кој паднал и во таа прилика повредени биле повеќе лица, главно деца, потврдиле за „Блиц“ во полициското одделение во Прокупље.

Полицијата е на терен и се утврдува точниот број на повредени и како е дојдено до несреќата.


Денес, инаку, се одржува панаѓур во Куршумлија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг