Овие снимки докажуваат: Турција намерно ги носи мигрантите кон Грција и ги следи со бродови

Точка

06/03/2020

21:09

3.785

Големина на фонт

а а а

Грчката крајбрежна стража објавила видео снимка која покажува дека Турција активно учествува во "туркањето" на мигрантите кон грчките води.

Како што може да се види, турските бродови ги следеле чамците со мигранти и ги охрабрувале да одат кон Грција 

Освен тоа, претходно биле објавени снимки како турската полиција ја напаѓа со солзавец грчката страна на границата кај Кастаниса, што голем број мигранти искористиле за да преминат на територија на ЕУ.

За тоа време, Турција на границата со Грција пратила специјалци, велејќи дека не дозволува враќање на мигрантите во нивната земја.

Многу европски лидери го осудиле овој потег на Анкара, а австрискиот канцелар Себастијан Курц истакнал дека Реџеп Тајип Ердоган намерно ги злоупотребува бегалците за да изврши притисок на ЕУ. "Претседателот Ердоган свесно ја организирал оваа акција. Автобусите се ставени на располагање, на мигрантите им се дадени грешни информации и свесно се праќаат да извршат притисок на грчката граница", објаснил тој.

На социјалните мрежи исто така се наведува дека меѓу мигрантите нема луѓе кои бегаат од војна, туку воглавно станува збор за Авганистанци, Пакистанци и мажи од северна Африка кои се обидуваат да дојдат до Европа.

##https://twitter.com/Amreenrajavi/status/1234743204659879937?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг