Турција од НАТО бара активација на Членот 4 и помош во Сирија: Грција стави вето!

Точка

29/02/2020

18:50

5.719

Големина на фонт

а а а

Турција побара од своите сојузници од НАТО Алијансата активирање на Членот 4 и помош во против-воздушната одбрана на просторот на сириската провинција Идлиб, меѓутоа официјална Атина стави вето.

Грција во текот на вчерашниот ден стави вето на изјавата на НАТО Алијансата во која требаше да се изрази поддршка за Турција која оваа седмица изгуби над 30 војници на просторот на сириската провинција Идлиб.

Грчките медиуми пренесуваат дека нашите јужни соседи синоќа ставиле вето, при што грчките претставници во Алијансата се нашле на мета на жестоки критики од претставниците на САД, Велика Британија, Германија и Франција.

Имено, претходно во текот на денот турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу побара од НАТО да се отворат консултации во врска со имплементирање на Членот 4. Тоа не е член за ангажирање на колективната одбрана на Алијансата (Член 5), туку се однесува на правото на одредена членка да побара помош од НАТО на различни нивоа доколку е загрозена безбедноста, територијалниот интегритет или политичка независност.

Сепак, треба да се истакне дека присуството на турскат армија во Сирија е грубо прекршување на сирискиот суверенитет и територијален интегритет, спротивно на сите меѓународни права. Понатаму, Турција во никој случај не е загрозена затоа што сириската армија ја брани својата територија и воопшто не напаѓа турски градови или позиции на турската армија на територијата на Турција.

Конкретно, Анкара побара помош од НАТО сојузниците во против-воздушната одбрана и размена на разузнавачки информации во врска со ситуацијата во сириската провинција Идлиб.

Фактот дека Грција стави вето воопшто не изненадува со оглед на тоа што Турција во текот на вчерашниот ден ги отвори границите за мигрантите со што Ердоган за остварување на своите цели ги втурна недолжните мигранти кон границите со Грција и Бугарија, иако Атина и Софија порачаа дека нема да дозволат илегален влез на мигранти, посебно сега во екот на епидемијата на смртоносниот коронавирус.

На крајот, НАТО Алијансата усвои изјава во која се изразува „солидарност“ со Турција, меѓутоа јасно е дека ништо конкретно засега нема да се споменува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг