Оставете не да се пресметаме еден на еден! Ердоган му дал предлог на Путин, а потоа најавил страшна одмазда

Точка

29/02/2020

17:14

11.225

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, изјавил дека му предложил на својот руски колега Владимир Путин да ја остави Турција со сириските власти да се пресмета на свој начин, "еден на еден".

Тој исто така навел и дека во текот на минатите напади на сириската војска во Идлиб загинале вкупно 36 турски војници. 

Истовремено, како што прецизирал, турската војска во контра-нападите ликвидирала повеќе од 2.100 сириски војници и уништила 300 единици оклопна техника и седум хемиски складишта.

"Ние ќе продолжиме да уништуваме", додал тој.

Турската војска извела копнени и воздушни удари на позиции на сириските сили, по убиството на турските војници во Идлиб.

На оваа тема се огласило и Министерството за одбрана на Русија, кое соопштило дека припадниците на турската војска, кои вчера се нашле под удар на сириските сили, не требало воопшто да се наоѓаат на таа локација.

Сириската војска започнала нов артилериски напад во Идлиб, а притоа загинал еден турски војник, а двајца биле ранети.




Спонзорирани линкови

Маркетинг