САД порачаа дека ја поддржуваат Турција: Сенатор повикува на пресметка со Асад, Иран и Русија!

Точка

28/02/2020

12:48

2.184

Големина на фонт

а а а

Пристигна реакција од САД во врска со ескалацијата во сириската покраина Идлиб каде што вчера во воздушни напади беа убиени 33 турски војници.

Од Вашингтон порачаа дека се „длабоко загрижени“ поради актуелната ситуација и дека ќе продолжат да ја поддржуваат Турција, својот сојузник од НАТО Алијансата.

Во соопштението на американскиот Стејт департмент е наведено: „Стоиме покрај нашиот НАТО сојузник Турција и продолжуваме да повикуваме на итен прекин на офанзивата на режимот на Асад, Русија и силите поддржани од Иран“.


Во меѓувреме, се огласи и „воинствениот“ американски сенатор Линдзи Греам кој повика на воведување на „зона на забрана на летови“ над сириската провинција Идлиб, нагласувајќи дека Трамп мора да го направи тоа за да се „спасат цивили“.

„Светот мирно го гледа уништувањето на Идлиб од страна на Асад, Иран и Русија. Уверен сум дека ако светот, предводен од САД, ги отфрли Иран, Русија и Асад, тогаш тие ќе попуштат и би се отворил патот кон политичко решение на војната во Сирија“, изјави Греам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг