Се заканува нова голема криза: Стотици мигранти од Турција веќе тргнале кон Европа

Точка

28/02/2020

10:56

1.465

Големина на фонт

а а а

Стотици мигранти биле забележани денес на северозападот на Турција на пат кон границите со Грција и Бугарија, пренесуваат турските медиуми.

Ова се случува откако Анкара објави дека повеќе нема да ги задржува сириските бегалци чиј број би можел драстично да се зголеми поради офанзивата на турската армија и милитантите во сириската провинција Идлиб.

Турците синоќа потврдија дека 33 војници се убиени во воздушен напад на сириската армија во Идлиб. Како резултат на ова, турските власти соопштија дека нема да ги задржуваат бегалците кои сакаат да стигнат до земјите од Европската унија преку морски и копнен пат.


Новинската агенција „Демирорен“ наведе дека околу 300 мигранти, меѓу кои жени и деца се движат кон делот на земјата кој граничи со Бугарија и Турција. Во групата наводно имало Сиријци, Иранци, Ирачани, Пакистанци и Мароканци.

Наводно поголема група на мигранти исто така се собрала во покраината Чанакале од каде планираат со брод да стигнат до грчкиот брод Лезбос.


Доколку дојде до нов мигрантски бран, на најголем удар ќе е најде соседна Грција, а тоа секако нема да ја исклучи и Македонија со оглед на тоа што нашата земја беше една од главните рути низ кои поминуваа мигратите во 2015-та година.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повеќе пати се закануваше дека ќе им дозволи на мигрантите кои се сместени во кампови во Турција да го продолжат патот кон западна Европа, иако ѝ вети на ЕУ во 2016-та година дека ќе ги задржи мигрантите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг