Прва реакција од Русија: Турските војници загинаа затоа што се бореа заедно со џихадистите на Ал Каеда!

Точка

28/02/2020

10:04

5.111

Големина на фонт

а а а

По синоќешната ескалација во Сирија во која беа убиени најмалку 33 турски војници, се огласи и официјална Москва.

Пристигна првата официјална реакција на Русија по вчерашната ескалација во Идлиб во која, кај местото Бехун беа убиени 33 турски војници, наводно во воздушен напад на сириското воено воздухопловство.

Иако Анкара можеби се надеваше на поинаква реакција, Русија цврсто застана зад својот сојузник, на некој начин и обвинувајќи ја Турција за синоќешниот инцидент.


Имено, од руското Министерство за одбрана соопштија дека турските сили се наоѓале заедно со „џихадистичките милитанти“ во моментот кога се нашле на мета на сириските воздушни сили.

„Воздушните напади се случија во моментот кога сириската армија се бореше против офанзивата на терористичката група Хајат Тахрир Ал-Шам, инаку огранок на Ал Каеда во Сирија, во рамките на де-дескалациската зона во Идлиб“, стои во соопштението на руското Министерство за одбрана.


Оваа изјава потврдува дека Русија сепак нема да се откаже од поддршката на сириската армија. Дали ова ќе ги одврати Турците и нивните планови за инвазија на северозападот на Сирија? Веројатно на одговорот и нема долго да чекаме.



Спонзорирани линкови

Маркетинг