„Уште ли треба да чекам риба ко тебе да шетам?“ - Нашиот најзабавен караоке шармер со ново музичко парче

Точка

26/02/2020

21:39

3.835

Големина на фонт

а а а

После позитивните критики за неговата песна „Да не е млако“, ви го претставуваме вториот сингл на Мето Ди Флешн, насловен како „Те чекам“.

Нумера во модерен, динамичен, функ стил. Карактеристично за новата песна за која што тој ги напиша музиката и текстот е тоа што онлајн соработува со повеќе музичари од разни држави.

Главното студио е во неговата родна Струга, од каде што пејат Марија Мечкароска и Владимир Нестороски. Од студиото во Скопје на Стефан Петановски, бас свири Џоле Максимовски, а пее Ана Петановска. Во американско студиот саксофонистот Томи Леб снима бас секција, додека во Полска, Варшава, Зоран Кречо прави мастеринг.


Видеото е во продукција на „Flash Production“ од Струга и претставува забава во охридскиот скејт парк, која подоцна се префрла низ охридските улици каде што своите лудории и вештини ги претставува скејтерот Мартин Ристевски.


Мето Ди Флеш е актуелен низ целата земја со неговите „live“ караоке настапи по познатите кафулиња и клубови. Тој се надева дека и оваа песна ќе биде одлично прифатена од нас, публиката.

Се разбира, Мето не запира овде, наскоро ја очекуваме неговата нова песна и спот, а дотогаш, уживаме во „Те чекам“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг