Бронзената божица Ким доминирала во пустина во новата колекција за долна облека

Точка

25/02/2020

11:46

3.767

Големина на фонт

а а а

Многу е горда на својот успешен бренд "Skims", а и со причина.

Ким Кардашијан изгледа неверојатно додека позира за својата нова колекција на долна облека во боја на кожа која се вика "Naked". 

Во еден од кадрите таа носи длабок градник во ладовината на карпите, завртена кон Сонцето додека низ грбот и се спуштаат расфрлени прамени од коса.

Во саботата на својот профил на Инстаграм објавила снимки на кои позира на автомобил Lancia Stratos HF Zero од 1970 година.

Интернет ѕвездата сакала да ја разбуди имагинацијата на гледачот додека позирала во градник и гаќички во боја на кожа, кои се со нејзиниот потпис.

Ријалити ѕвездата одлично се вклопила со бојата на песокот додека се фотографирала во долната облека. Оваа комбинација ја искомбинирала со војнички чизми.

Изгледа дека таа и нејзиниот сопруг Канје се повеќе се интересираат за пустината, бидејќи неодамна купиле парцела во долината на Коачела, вредна 6,3 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг