На легендарниот Би Би Кинг му се скинала жица во текот на концертот, но тој се снашол на генијален начин

Точка

25/02/2020

10:40

1.898

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите гитаристи на сите времиња секако е легендарниот Би Би Кинг (1925-2015) кој во текот на својата долгогодишна кариера го воодушевуваше светот со својата музика.

Славниот музичар во текот на животот имал бројни настапи, но ситуацијата од еден концерт и до ден-денес се прераскажува. 

Имено, во текот на настапот на “Farm Aid” на 22-ри септември 1985 година, на Би Би Кинг во текот на изведбата на “How Blue Can You Get” му се скинала жица од гитарата.


Но, легендарниот Кинг ни за момент не ѝ се предал на ваквата непријатна ситуација туку се снашол на генијален начин. Тој веднаш зел друга жица и почнал да ја мести на својата гитара пред бројната публика како ништо да не се случило.

Голема помош имал и од својот бенд кој свирел додека Кинг ја менувал жицата.

Да се потсетиме на сцената:



Спонзорирани линкови

Маркетинг