Готови се резултатите: Тестот е негативен, патникот од Милано кој слета во Скопје нема коронавирус

Точка

25/02/2020

00:54

3.986

Големина на фонт

а а а

Патникот кој од Милано вчера допатувал во Македонија нема коронавирус, покажуваат направените тестови по полноќ на инфективната клиника во Скопје, дознава ТВ21. Од министерството за здравство, најавија дека ќе биде испратено и официјално соопштение.

Според информациите, се работеше за лице кое денеска со попладневниот лет од Милано пристигнало во Скопје. Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. И самиот пациент, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот.

Патникот кој сам се пријавил на Инфективна клиника, најверојатно и во следните денови ќе остане во изолација со цел следење на состојбата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг