Во моментов на Инфективна клиника се врши тестирање на коронавирус на лице со симптоми за грип!

Точка

25/02/2020

00:05

2.488

Големина на фонт

а а а

„Во моментов на Инфективната клиника во Скопје се врши тестирање на коронавирус на едно лице со симптоми на грип. Резултатите се очекуваат да бидат готови во следните два часа“, пишува на официјалната страна на Министерството за здравство.

„Ја информираме јавноста дека во моментов на Инфективната клиника во Скопје се врши тестирање на корона вирус на едно лице со симптоми на грип. Пациентот има лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Се работи за лице кое денеска со попладневниот лет од Милано пристигнало во Скопје. Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. И самиот пациент, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот. Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација, а во моментов кај него се прават тестови согласно утврдениот протокол. Резултатите се очекуваат во следните два часа, за што веднаш ќе ја известиме јавноста“, пренесуваат од Министерството за здравство.




Спонзорирани линкови

Маркетинг