„Како да бидам храбар како тебе и на сите да им кажам дека сум геј?“ 9-годишно момче го шокираше светот со неговото прашање

Точка

24/02/2020

21:43

4.371

Големина на фонт

а а а

Пит Бутиџиџ, поранешен градоначалник на Саут Бенд во Индијана и демократски кандидат за претседател, му дал личен и емотивен совет на 9-годишно момче, кое го прашало како да биде храбар и на светот да му каже дека е геј.

Момчето Захар Ро било во многубројната публика во гратската хала во Денвер во саботата, а на хартија го напишало прашањето кое сакало да му го постави на Бутиџиџ.

Парчето хартија потоа било ставено во сад за риби, а кога било извлечено, Бутиџиџ прашањето го поставил пред сите.


Момчето рекло дека одлучило да го искористи моментот и да напише прашање.

„Ти благодарам што беше толку храбар. Дали можеш да ми помогнеш и јас да му кажам на светот дека сум геј? Сакам да бидам храбар како тебе“, пишувало на ливчето.

Поранешниот градоначалник на Саут Бенд, кој јавно признал дека е геј, се завртел кон момчето кое му се придружило на сцената и ја пофалил неговата храброст.

„Мислам дека не ти требаат многу совети од мене за храброст. Изгледаш како многу силно момче“, му рекол демократскиот кандидат за претседател.

После настанот, момчето за медиумите рекло дека политичарот го инспирирал.

„Беше возбудливо, бев многу среќен. Драго ми е што на сите во публика можев да им кажам дека сум геј“, рекло момчето. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг