Филипче со демант: Во државава нема случај заболен од коронавирус, не ширете лаги и паника!

Точка

24/02/2020

20:48

5.132

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Венко Филипче ги демантираше лажните вести кои се шират на социјалните мрежи дека има заболен од коронавирус во државава.

Претходно лица блиски до опозицијата, меѓу кои и поранешниот шеф на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, проширија вест дека има заболен од вирусот.

Професорката Тања Каракамишева напиша статус на Твитер каде праша: „Што бараат специјални единици со митралези и борни коли пред Клинички центар? Има некој инфо?“, на што Владимир Панчевски одговори „превентива од коронавирус“.


„На социјалните мрежи почнала да се шири лажна вест за идентификуван заболен од коронавирус во Скопје. Остро ја демантираме таа вест, во државава нема ниту еден случај на заболен од коронавирус. Бидете одговорни и не ширете лаги и паника во врска со коронавирус“, апелира Филипче.

Сакаме да и се извиниме на професорката Тања Каракамишева која беше вовлечена во целава оваа ситуација со ширењето паника за можните заболени од коронавирусот. Нејзиното прашање на Твитер се однесуваше на сосема друг настан кој нема никаква врска со целата ситуација поврзана со паниката околу коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг