Изненадете ги домашните со совршена вечера: Полнети лигни во вино е јадење кое е полн погодок!

Точка

18/02/2020

15:10

3.094

Големина на фонт

а а а

Направете им пријатно изненадување на домашните после долгиот и напорен работен/училишен ден. Згответе им нешто убаво, бидејќи, како се вели - љубовта доаѓа од стомакот.

Состојки:

- 1кг. лигни
- 150гр. ориз
- 1 главица кромид
- 3 чешниња лук
- 2 јајца
- 1дл. маслиново масло
- 1дл. бело вино
- листови од магдонос
- сол, бибер 


Подготовка:

1. На исчистените лигни отстранете им ги главите и пипките и исецкајте ги на ситни парчиња. Во мало тенџере запржете ги кромидот и лукот и додадете ги исецканите делови од лигните (главите и пипките).

2. Намалете ја температурата и додадете го оризот со малку вода и бело вино. Гответе 20 минути. Додадете ги листовите од магоднос и јајцата. Со добиената смеса наполнете ги лигните, а отворите затворете ги со чепкалки. Лигните ставете ги во тава и испечете ги.

3. За време на печењето може да ги прелиете со малку маслиново масло. Врз испечените лигни ставете бел лук и магодонос.




Спонзорирани линкови

Маркетинг