Рита во минијатурно бикини ги запали социјалните мрежи

Точка

17/02/2020

16:03

4.275

Големина на фонт

а а а

"Тоа не тебе изгледа толку нереално", гласи еден од коментарите.

Пејачката со албанско потекло Рита Ора, на својот Инстаграм профил објавила и повеќе од провокативна фотографија во минијатурен костим за капење. 

Рита, која често знае да ги почести своите фанови со жешки фотки, овој пат позирала во градина покрај базен, во костим за капење кој само што не паднал.

Пејачката ја покажала својата совршена линија, а тоа што се забележува е дека горниот дел од костимот за капење очигледно бил премал за да ги сокрие нејзините гради.

"Уживајте во животот, ве молам. Чувајте ги своите срца и бидете горди на себе", напишала Рита.

Фановите не останале имуни на ваквото издание на пејачката, па во коментарите и оставиле бројни комплименти.

"Тоа на тебе изгледа нереално", "Апсолутно се неверојатна и продолжи да гориш", гласеле дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг