Познатиот пејач сред концерт се расплакал пред 50.000 луѓе, го одвеле скршен од сцената

Точка

17/02/2020

15:41

3.508

Големина на фонт

а а а

Стадионот во Окленд бил исполнет до последно место со луѓе кои сакале да го видат и чујат славниот 72-годишен пејач Елтон Џон.

Околу 50.000 луѓе добиле шанса да уживаат во гласот и песните на прославениот рокер, меѓутоа работите не оделе баш по планот. 

“Жал ми е, навистина ми е жал”, рекол Џон кога ѝ се обратил на публиката сред концерт. Тој станал од клавирот и кажал дека “неговиот глас не соработува со него”, а потоа го покрил лицето со раката и започнал да плаче, по што публиката го поддржала со громогласен аплауз кога го одвеле од сцената.

Рокерот на почетокот од концетот соопштил дека има воспаление на белите дробови. Фановите имале прилика подоцна да видат како го прегледуваат лекари на сцената, а во еден момент дури и изјавил дека не е сигурен уште колку долго ќе може да пее.


Џон подоцна се огласил на Инстаграм и уште еднаш ѝ се извинил на публиката со објаснување дека е многу разочаран што работите не се одвивале според планот.

“Сакам да ви се заблагодарам на сите вас кои бевте во Окленд. И покрај мојата дијагноза која ја добив претходно тој ден, сакав да ви го приредам најдоброто можно шоу. Свирев и пеев со целото срце, сè додека мојот глас не можеше да пее. Разочаран сум, длабоко вознемирен и жал ми е. Пружив сè што можев. Бескрајно ви благодарам за неверојатната поддршка и љубовта која ми ја покажавте во текот на концертот. Бескрајно сум благодарен”, напишал Елтон Џон под фотографијата.

Ова е инаку последната турнеја на славниот Елтон. И покрај сè, тој сака да ги одржи тие 300 концерти во 3 години, а потоа ќе се прости од својата кариера и фановите. Како што најави уште во 2018 година, сака со својата сопруга и двете деца да ужива во “последното поглавје од својот живот”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг