Спасовски: Да се донесат законите, а потоа да се распушти Собранието

Макфакс

14/02/2020

12:19

787

Големина на фонт

а а а

Премиерот Оливер Спасовски изјави дека прво треба да се донесат во Собранието сите закони коишто се важни за граѓаните, па дури потоа да се распушти Собранието и да се оди на избори.

Тој нагласи дека сите законски решенија, пред сè законот за ЈО, треба да дадат дополнителни позитивни аргументи во носење на одлуката на Европскиот совет да почнат преговорите.

„ЕУ треба да биде приоритет на пратениците во Собранието“, изјави Спасовски.

Во однос на релациите со коалициската ДУИ, Спасовски ги оцени односите како коректни и изрази очекување дека повеќе нема да има неразбирливи одложувања на седниците.

Спасовски не сакаше да зборува за формирање евентуално ново парламентарно мнозинство, бидејќи очекува да се испочитува договореното и да бидат усвоени законските решенија по што ќе се оди на избори.

Спасовски нагласи дека ако дојде до тоа да бидат опструирани решенијата, тогаш ќе може да се зборува за евентуално формирање ново парламентарно мнозинство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг