Морничаво, но прекрасно – овој Британец фотографира места во поранешна Југославија за кои денес не се зборува

Точка

12/02/2020

16:18

7.468

Големина на фонт

а а а

Британскиот фотограф Марк О'Неил го воодушевиле спонемиците од времето на комунизмот кои кон крајот на Втората светска војна до 90-те години на минатиот век никнувале.

Денес поголемиот дел од земјите од поранешна Југослвија ги третираат како да не постојат, и препуштени се на пропаст, но сепак фотографиите на Марк покажуваат дека тие, гледани во вистинско светло, можат навистина да бидат сензационални.

„Се заинтересирав за фотографирање на бруталистичките споменици откако го забележав споменикот Бузлуџ во Бугарија во 2011-та година. Таа локација ми остави неверојатен впечаток што во наредните четири години се посветив на барање на слични такви споменици. Спомениците од поранешна Југославија логично дека беа мојот нареден чекор“ - раскажал Марк кој фотографиите ги објавува на социјалната мрежа Инстаграм.

View this post on Instagram

The Stone Flower of Jasenovac. A huge concrete monument to the victims of the brutal concentration camp which stood on this site. On a warm summer's evening, the mosquitos raise from the adjacent lake by the cloud and genuinely made it difficult to breathe without choking on them. This then became a rather brief adventure which left me itching for weeks. #monument #monuments #jasenovac #croatia #yugoslavia #exyugoslavia #stoneflower #spomenik #spomenikdatabase #concrete #dusk #twilight #nightphotography #night_shots_ #nightscape #nightscapes #night #longexposure #longexposurephotography #longexposures #lightpainting #paintingwithlight #backlight #silhouette #ambientlight #nikon #nikond810 #nikon1424 #fatalframes #architecture

A post shared by Mark O'Neill (@markoneill_nightphotography) on

„Фотографирањето на тие споменици ми го овозможува празното платно на кое насочувам светлина и ги прикажувам своите идеи. Архитектурата на спомениците може да биде толку едноставна и евокативна, како да моли да ја осветлиш во текот на ноќта, а светлото да ги открие нивните облици и текстури“ - раскажува тој.

Брутализмот е стил во модерната архитектура кој се развил во 1954-та до 1970-та година. Името го добил по францускиот збор “бетон брут“ кој означува “груб бетон“...

Глигино Брдо - Босна и Херцеговина


Космај - Србија


Споменикот на храброст - Србија


Трибаљ - Хрватска


Меморијалниот комплекс Тјентиште - Босна и Херцеговина


Брезовица - Хрватска


Љешанска Нахија - Црна Гора


Грмац - Босна и Херцеговина


Подгарич - Хрватска


Козара - Босна и Херцеговина


Петрова Гора - Хрватска


Спомен паркот Попина - Србија




Спонзорирани линкови

Маркетинг