Од тука започнало сè: Погледнете го кинескиот пазар на ужасот од кој потекнува коронавирусот

Точка

30/01/2020

21:57

22.996

Големина на фонт

а а а

Епидемијата на смртоносниот коронавирус судејќи по сè започнала од еден пазар во кинескиот Вухан.

Она што го шокирало светот се фотографиите од споменатиот пазар Хуанан. Иако важи за пазар на морски плодови, тука можат да се најдат многу други производи кои на луѓето од Западот им изгледаат чудно, но и одвратно. 

Во понудата имало и птици, зајци, но и стаорци, лисици, лилјаци, змии и други рептили, магариња, камили па дури и мајмуни.


Не треба посебно да се истакнува дека држењето на сите овие животни на мал простор, нивниот постојан контакт со трговците и со самите купувачи, а често и нивното колење на лице место е идеално за ширење на вирус. Не се знае ни од каде потекнуваат животните, а ни самата трговија не е регулирана.

Откако бил развиен тест за новиот коронавирус, докажано е дека сите кои први се заразиле во Вухан го посетувале пазарот, работеле во него, а таму работеле и членови на нивните семејства.

Во некои делови во Кина, и покрај официјалните забрани, некои животни како риби, шкампи, змии, па дури и лилјаци, магариња и мајмуни знаат да се транжираат или дури и јадат додека се сè уште живи бидејќи сировото месо во традиционалната кинеска медицина се смета за особено здраво.


Како што пишува “Business Insider”, овие пазари се нарекуваат “мокри” поради крвта, бидејќи месарите често ги колат животните пред самите купувачи. Со тоа се шират бројни бактерии и вируси.

Освен тоа, вирусите имаат прилика да развијат мутации кои им овозможуваат преминување од животни на луѓе.

На пример, САРС – епидемијата која изби во 2002 година (исто така во Кина) и која уби 774 луѓе, е предизвикана од коронавирус кој на луѓето најверојатно преминал од цибетки (животно сродно на мачките) кои се продавале токму на ваквите пазари.

Коронавирусот рапидно се шири низ Кина и другите делови од светот. Британскиот експерт за динамика на преносот на заразни болести, Џонатан Рид, предвидува дека за 2 недели, стотина илјади луѓе кои ќе поминат низ Кина и ќе продолжат во други држави, ќе бидат заразени.

Во новиот научен труд, овој експерт предвидува дека во рок од 14 дена, односно до 4-ти февруари 2020 година, бројот на заразени во епицентарот на вирусот – Вухан, ќе биде поголем од 190.000.



Спонзорирани линкови

Маркетинг