Полуголата Волански му оддала почит на Коби Брајант

Точка

29/01/2020

10:42

6.083

Големина на фонт

а а а

Кинси Волански станала позната откако го прекинала натпреварот од Лигата на шампионите така што истрчала гола на теренот, а сега направила слична работа. Овој пат тоа го направила за на бизарен начин да му оддаде почит на Коби Брајант.

Познатата 23-годишна Русинка овој пат за своја бина избрала скијачка патека за да го покаже своето голо тело, но и натписот во рацете на кој пишувало "RIP Kobe". 

Волански влегла на патеката пред самиот крај на трката на Италијанецот Алекс Винацер, кој подоцна на социјалните мрежи објавил интересна фотографија и опис во кој се пошегувал дека има нова девојка.

Во тој момент Винацер во слаломот го славел првото место, а потоа сфатил дека прва всушност минала Волански, која го измамила системот за мерење на време.

Со објавата Винацер покажал дека изгледа брзо го преболел фактот дека на крајот на првенството во Шладминг бил шести, а утеха му било тоа што веројатно има на најдобра фотографија од крај на ски спуст.

Иако на многумина ова им било интересно, Волански повторно била предмет на осуди и критики.



Спонзорирани линкови

Маркетинг