Ова е последната порака на Коби пред да се качи во хеликоптерот - упатена до синот на Шекил О'Нил

Точка

27/01/2020

19:48

6.569

Големина на фонт

а а а

Непосредно пред да се качи во хеликоптерот во чиј пад загина заедно со неговата 13-годишна ќерка Џиана и уште седум други луѓе, Коби Брајант испратил порака и тоа на синот на неговиот некогашен клубски колега од Лејкерс - Шекил О'Нил, Шариф.

Талентираниот наследник на горенаведениот центар е одличен кошаркар, а Коби своевремено му помагал да помине низ тешкиот период поради закрепнување од повреда, а тогаш се распрашувал како се чувствува по одлуката да го напушти популарниот Универзитет во Калифорнија во Лос Анџелес „UCLA“.

„Фамилијо, како си?“ - го прашал Коби во 8 часот и 29 минути вчера.

Момчето во 10 часот и 58 минути му напишало дека е добро и дека размислува за следниот потег па тогаш го прашал Коби: „Како си ти?“.

Одговорот никогаш не стигнал. Коби Брајант веќе бил жртвата на падот на хеликоптерот кој полетал во 9 часот и 06 минути и најверојатно поради лошите временски услови паднал околу пет минути пред очекуваното слетување во кошаркарската академија каде што некогашниот ас ја повел својата ќерка, нејзините соиграчи и следбеници.

„Оваа, првата фотографија се нашите пораки од утрово. Само да не спиев, само да можев да зборувам со тебе. Не можам сега ниту трезвено да размислувам. Многу ми е драго што бевме блиски сите овие години, не само поради тоа што ми беше прекрасен вујко туку и тренер и ментор. Те сакам човеку. Ти благодарам за сè што направи за мене, за овој град, за светот на кошарката, а и за мене. Нема да те изневерам. Секогаш веруваше во мене и ме поддржуваше. Те сакам“.

„Плачам додека ги читам овие пораки. Дури и кога бевме во најлошата состојба, често проверуваше како сум. Бев поразен додека така седев со денови во болница, мислејќи дека кошаркарската кариера ми е завршена. Ти ми ја врати насмевката на лицето. Те сакам“ - додал Шариф О'Нил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг