Посетете ја земјата на чудата направена од мраз

Точка

24/01/2020

13:36

2.044

Големина на фонт

а а а

Сместен во Хеилонгјианг, провинција во северниот дел од Кина, 36-годишниот фестивал на снегот и мразот во Харбин ја отвори својата врата и ги магепса своите први посетители.

Овој фестивал, кој се одржува секоја година, отворен е од 5-ти јануари во паркот кој е опколен со снег и има големина од околу 60 хектари.

Фестивалот кој го красат масивни скулптури од снег и мраз привлекува над милион посетители секоја година, а го организира градот Харбин.

Околу 10.000 работници поминале 15 денови за издигнување на ова “замрзнато кралство“ кое во поголемиот дел е базирано во паркот Жаолин на Сончевиот остров и еден дел на речното крајбрежје Сонгхуа.


Речиси 120.000 кубни метри ледени блокови се извлечени од замрзнатата површина на реката Сонгхуа.

Централниот украс на зимската земја на чудата наречен “круна од мраз и снег“ е највисоката кула со висина од 40 метри.


По првпат бил одржан во 1985-та година, а овој фестивал е инспириран од традиционалните лампиони кои се направени од мраз, а осветлени со свеќи.


Низ текот на годините, фестивалот станал една од главните зимски атракции во Кина. Активностите и настаните кои фестивалот ги нуди можат да се поделат во неколку категории, вклучувајќи туризам на снег и мраз, модна култура, саем на снег и мраз и спорт. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг