Вухан гради болница за заразените од Корона вирусот: Планот е да биде готова за 5 дена!

Точка

24/01/2020

08:51

1.742

Големина на фонт

а а а

Кинескиот град Вухан, жариштето на новиот вирус забрзано гради болница со илјада кревети за лекување на пациентите заразени со Корона вирусот од кој досега починаа 26 лица.

Кинеските медиуми пренесуваат дека болницата би можела да биде завршена дури и во понеделник. Болницата се гради во комплекс кој претходно бил предвиден за локалните работници во градини покрај езеро во периферијата на градот.

Над 30-тина булдожери веќе пристигнале на земјиштето каде што ќе биде изградена болницата, со цел да се забрзаат работите и објектот да биде подготвен за употреба за неколку дена.

Градот Вухан со градењето на болницата ќе го ископира претходното искуство на градските власти од Пекинг за времена борбата против вирусот САРС во 2003-та година. Тогаш во предградието на главниот град на Кина беше изградена болница за само една недела и во таа болница беа лекувани сите заразени од вирусот.

Болницата во Пекинг тогаш ја подигнаа околу илјада градежни работници, а се лекуваа околу 700 пациенти.

Кина ги зголеми активностите за сузбивање на вирусот, а изградбата на новата болница е една од мерките во борбата против болеста. Јавниот превоз е стопиран во 10 градови во провинцијата Хубеи која брои 60 милиони жители, а сите храмови исто така се затворени.

Вухан, град со 10 милиони жители од каде што изби вирусот, како и соседниот град Хуанганг со 7 милиони жители, моментално се наоѓаат во целосна изолација. Железничките станици се затворени, летовите се суспендирани, а на главните сообраќајници во и надвор од градовите се поставени контролни пунктови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг