Популарноста на богатите, дрски деца од Инстаграм е сериозно загрозена. Добиле конкуренција во вид на секси баби од Инстаграм.
Навикнавме на разни инфлуенсерки, помлади и постари, кои се фалат со својот изглед, но и тие можат да им позавидат на овие баби кои им пркосат на годините.
Една од најуспешните Инстаграм баби е Крис Џенер, мајката на кланот Кардашијан, за која многумина тврдат дека е одговорна за лансирањето на Ким и останатите девојки во светот на шоу бизнисот.
Според пишувањето на "Forbes", Џенер има богатство од 37,5 милиони долари. Додека некои дел од нејзиното богатство потекнува од нејзиното реалнот шоу "Во чекор со Кардашијан", таа заработила многу пари и од спонзорирани објави на Инстаграм, каде ја следат 31,5 милиони луѓе.
Крис Џенер исто така ја користи платформата за да ја промовира работата на своите ќерки, како линијата за долна облека на Ким Кардашијан и брендот шминка на Кајли Џенер.
Кога Џина Стјуарт почнала да објавува свои фотографии во Бикини, брзо била прогласена за најзгодна баба на светот.
Таа е модел и учесничка на натпреварувањето "Miss Maxim", а на Инстаграм ја следат 187.000 фанови.
Најмногу благодарение на растечкиот број на фанови, таа добива бројни понуди за манекенски работи. Отворила и свој сајт наречен "OnlyFans" и како што рекла самата, заработува неколку илјади долари неделно.
Инаку, таа има четири деца и внука и тврди дека користи само природни производи за одржување на својот изглед.
Обожувателката на фитнесот, Лесли Максвел, често објавува свои фотографии од теретана и покажува дека не е важно колку години имате, туку колкави ви се силата и волјата, ако сакате да биде во форма.
Таа често заедно тренира со својата 18-годишна внука Тија.
Заедно имаат 165.000 фанови на Инстаграм, што им помага да заработуваат пари со рекламирање на бројни модни брендови.
Тешко е да се поверува, но да, оваа жена исто така има внуци. Алис Васкес е Инстаграм ѕвезда во подем. Има 33.700 фанови, а многу од нив не веруваат дека има само 40 години.
Васкес е мајка на две деца, а првото го родила кога имала 16 години. Нејзините деца станале родители во раните 20-ти години.
Таа сега планира својата популарност да ја искористи за да ја промовира својата продавница за масло од канабис, како и сајт за пронаоѓање на "својот пат" преку медитација.