“ФЗО се полни на товар на болните луѓе”: Лицата заболени од целијакија мора да издвојуваат над 3000 денари за безглутенско брашно

Точка

23/01/2020

13:11

1.735

Големина на фонт

а а а

Здружението “Без Глутен” вчера објави информација на својот официјален Фејсбук профил која вели дека лицата кои боледуваат од целијакија мора да издвојат барем 50% од домашниот буџет за здрава храна.

Во објавата стои дека лицата кои боледуваат од оваа автоимуна болест имаат право на 30 килограми брашно во месецот, но од 17.01.2020 мора да издвојуваат повеќе пари за него бидејќи цената од 75 денари (со рецепт) е покачена на 107 денари од страна на Фондот за здравствено осигурување. 

Инаку, брашното може да се купи и без рецепт по цена од 280 денари по килограм.




Спонзорирани линкови

Маркетинг