Времето во кое се будите во текот на ноќта открива што не е во ред со вашето тело

Точка

22/01/2020

11:59

6.454

Големина на фонт

а а а

Будењето во текот на ноќта е поврзано со психичката и физичката состојба на човекот, а времето открива за какви проблеми станува збор. Погледнете го часовникот кога ќе се разбудите и дознајте што не е во ред со вашето тело и емоции.

Ако секоја ноќ се будите во одредено време, тоа може да открие што во вашето тело нe работи како што треба односно дека протокот на енергија во одреден дел е блокиран или погрешно насочен. 

Традиционалната кинеска медицина обрнува внимание на таквите работи. Во текот на 24 часа, енергијата се насочува кон различни органи за тие да се регенерираат и да ја извршуваат нивната функција како што треба. Сепак, доколку нешто со таа енергија не е во ред, доаѓа до проблеми.


Откријте што значи добата во кое се будите во текот на ноќта:

Од 21 до 23 часот

Ова е време кога се балансира ендокриниот систем задолжен за хормоните и метаболизмот. Ако имате проблеми со спиењето во тој дел од ноќта, можеби сте под стрес и ве мачат настаните кои сте ги преживеале тој ден или она што ве чека утредента. Тоа го нарушува протокот на енергија, а до блокада на енергијата на ендокриниот систем може да дојде и ако не се храните правилно или јадете предоцна навечер.

Од 23 до 1 часот

Будењето во овој период укажува дека нешто ве мачи, односно дека се грижите поради нешто. Тоа е време кога јин енергијата се претвора во јанг. Според древното кинеско верување, јин го симболизира женскиот аспект (негативно, темнина, влага, ноќ и добрата страна на сè), а јанг го симболизира машкиот аспект (позитивност, ведрина, цврстина, сувост и доминантни аспекти).

Во ова време жолчната ќеса е активна, односно ги разградува маснотиите во телото, па будењето во тоа доба може да укажува дека консумирате премногу нездрави маснотии.

Од 1 до 3 часот

Ако најчесто се будите во ова време, тогаш сте веројатно лути и фрустрирани односно сте преполни со негативна енергија во текот на денот, па тоа се одразува и на спиењето. Ова доба од ноќта е многу важно за телото бидејќи тогаш најактивно се исфрлаат отровите, односно се детоксицираат и се обновуваат органите. Црниот дроб испушта токсини и создава молекули кои се важни за дигестијата, придонесува за создавање на нова крв итн. Ако со него нешто не е во ред, тоа е причината зошто се будите во ова доба.


Од 3 до 5 часот

Тагата и болката се можни причини за будење во овој период, ако гледаме од духовен аспект на животот. Од физички причини, можно е да ви е студено додека спиете и затоа процесите во телото не можат правилно да се одвиваат. Исто така, будењето во ова време може да укажува на проблеми со белите дробови и недоволен внес на кислород во организмот.

Од 5 до 7 часот

Во ова време дебелото црево е активно, а токсините кои во текот на ноќта се исфилтрирани и разградени полека заминуваат од телото. Будењето во периодот од 5 до 7 часот наутро значи дека сте јаделе предоцна или имате навика да консумирате лоша и нездрава храна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг