Зоолошка градина од кошмарите: Умираат животни, вработените не знаат што да прават

Точка

21/01/2020

17:15

1.153

Големина на фонт

а а а

Еден од петте изгладнети лавови кои се држат во валкани кафези во зоолошката градина во Судан, умрел вчера додека кампањата за спас на преостанатите четири животни е во замав.

Предупредуваме дека во продолжение на текстот следат фотографии кои за многумина се вознемирувачки. 

Лавицата примала инфузија неколку дена во паркот Ал-Куреши кој се наоѓа во близина на главниот град во Картум, но починала во понеделникот. Бригадирот Есамелдин Хајар рекол дека овие животни со недели патат без храна и лекови по зголемувањето на цените во целата земја поради недостиг на девизи, и дека изгубиле речиси две третини од својата телесна тежина.

Кампањата со име #SudanAnimalRescue повикува потхранетите и болни лавови да се одземат од оваа зоолошка градина.

"Еден од двата болни лава денес угина. Лекарите рекоа дека им ги дале лековите, по што ги нахраниле. Едниот закрепна, но другиот угина. Сега ја утврдуваме причината", рекол Хајар.

Лавовите биле нахранети откако вработените во центарот купиле храна од свои пари, иако и самите се во тешка состојба. Лошата состојба во паркот со кој управува општината Картум, исто така влијае на нивното здравје.

"Бев потресен кога ги видов лавовите во паркот. Нивните коски излегуваа од кожата. Апелирам до сите заинтересирани луѓе и институции да им помогнат", напишал Осман Салих на Фејсбук и започнал кампања под име #SudanAnimalRescue.

Службениците на паркот рекле дека состојбата на лавовите во градината се влошила последните недели, а дека некои изгубиле две третини од својата тежина.

"Храната не е секогаш достапна па ја купуваме со свои пари за да ги храниме", рекол Хајар, менаџер на оваа зоолошка градина, пренесува "Daily Mail".

Во неделата голем број на граѓани, волонтери и новинари дошле во центарот за да ги видат лавовите откако нивните фотографии биле објавени на социјалните мрежи . Еден од петте лавови бил врзан со јаже, а течност му внесувале со пипета додека се закпренувал од дехидратација.

Парчиња расипано месо прекриени со муви лежеле расфрлани во близина на кафезот. Вработените во оваа зоолошка градина рекле дека лавовите боледуваат од неколку болести.

Не е прецизирано колку диви лавови има уште во Судан, но има неколку во Диндер паркот на границата со Етиопија. Според податоците на Унијата за зачувување на природата, африканските лавови се загрозен вид, бидејќи нивната популација паднала за 43 проценти во период од 1993-та до 2014-ат година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг