„Јас и сопругот сме сексуално агресивни“: Порно ѕвездите ја откриваат тајната за успешен брак

Точка

20/01/2020

22:10

19.657

Големина на фонт

а а а

Тие се платени да имаа секс со другите, но на Кеси и Доријан деј Исла очигледно дека не им е здодевно во спалната соба.

Порно ѕвездите Кеси и Доријан кои воедно се и брачен пар, ја споделиле својата тајна на успешен брак иако отворено имаат секс со други луѓе.

Кеси и Доријан пет години се во брак. Хемијата која ја искусиле била “моментална“, а парот се венчал две години подоцна.

Меѓутоа, наместо да ја прифатат магијата на традиционалниот брак тие станале порно ѕвезди кога Кеси добила неверојатна понуда.


„Сексуално авантуристичкиот пар“ решил да ја искористи оваа прилика, снимајќи ја својата прва заедничка порно снимка и до денес поради тоа не се покајале дури и прифатиле отворен брак.

„Мојот сопруг и јас сме многу сексуално агресивни“ - изјавила Кеси за „News.com.au“ и додала:

„Доријан и јас сме предатори. Сакаме да запознаваме други парови и индивидуи на места како што се продавници, музеи и ноќни клубови. Во такви, помалку сексуални средини, разговараме, флертуваме и ги запознаваме потенцијалните луѓе кои доколку ни се допаднат ги повикуваме во нашиот сензуален свет“.


Парот кој живее на Ибица, напоменува дека им е јасен секој нивен кариерен избор и дека отворениот брак за многумина претставува невообичаеност. И двајцата веруваат дека секој втор пар може да има богат сексуален живот со повеќе партнери.

„Мораш да се сакаш себеси и својата единственост пред да можеш да сакаш некој друг. Мојата сопруга и јас веруваме во себе и непрекинато се трудиме да бидеме подобри луѓе“ - смета Доријан.


„Комуникацијата е најважна доколку сте брачен пар кој се гледа и со други партнери. Никогаш не сме интимни со други доколку двајцата не сме согласни со тоа“.

„Повеќе не живееме во камено доба. Имаме слободно време и живеем подолго од кога и да е. Да се биде со една личност до крајот на животот потребно е да посветите многу време и труд, но и прагматичен пристап“ - изјавила Кеси. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг