Демографска бомба: Стапката на наталитет во Кина е рекордно ниска, а популацијата расте...

Точка

17/01/2020

16:09

5.265

Големина на фонт

а а а

Стапката на наталитет во Кина падна на најниско ниво од основањето на Народната Република пред 70 години, и покрај ублажувањето на „политиката едно дете“.

Во 2019-та година имало 10,48 родени на илјада жители, најмалку од 1949-та година, објавија од кинескиот државен завод за статистика. Бројот на деца родени во 2019-та година опаднал за 580 илјади, на 14,65 милиони.

Стапката на наталитет во Кина со години веќе паѓа, а тоа е голем предизвик за втората најголема економија во светот. Но, освен малиот број на родени, забележана е и мала смртност, па кинеската популација минатата година порасна на 1,4 милијарди.


Се помалиот број на родени предизвикува загриженост од „демографска бомба“, затоа што намалениот број на работоспособни луѓе ќе мора да го издржува се поголемиот број на пензионери.

Кинеската стапка на наталитет е помала од американската која во 2017-та година кога последен пат биле бележени податоците изнесувала 12 илјади родени на илјада жители.


Кинеската влада во 1979-та година воведе политика на едно дете со цел да се намали растот на населението. Семејствата кои го прекршуваа тоа плаќаа казни, ги губеа работните места или дури беа приморани да абортираат. Но, таа мерка предизвика голема нерамнотежа помеѓу половите, па денес во Кина има 30 милиони мажи повеќе од жени. Пекинг во 2015-та година сепак на родителите им дозволи да имаат две деца, но тоа не го намали падот на стапката на наталитет.

Сето тоа секако влијае и на економскиот раст во земјата. Кинеската економија во 2019-та година порасна за 6,1%, најбавно во речиси последните 30 години. Сепак, тоа се должи и на притисокот од трговската војна со САД, но сеедно, факт е дека Кинезите имаат проблем кој нема лесно да се реши.