Режисер од Балканот го открил Бред Пит: „Од 400 актери кои беа на кастингот, јас го избрав него“

Точка

17/01/2020

15:07

4.041

Големина на фонт

а а а

Оваа информација малкумина ја знаат... Снимателот и режиер Божидар Бота Николиќ е еден од добитниците на најпрестижното признание - Награда за целокупна работа и допринос во српската кинематографија која се доделува во Србија.

Како снмател и директор на фотографија тој имал култни остварувања како што се „Падот на Италија“, „Пеколниот остров“, „Внимавај што правиш“, „Да живееш како целиот нормален свет“ и други.

А, особено место во неговата кариера зазема соработката со Душан Ковачевиќ „Кој тоа таму пее“, „Маратонците го трчаат последниот круг“, „Балкански шпион“, „Професионалец“...

Божидар Николиќ во регионот ќе остане запомнет по тоа што славниот Бред Пит една од неговите први улоги во кариерата ја одиграл во неговиот филм „The dark side of the sun“.

Филмот е снимен во 1988-та година како америкнска копродукција со СФРЈ и Канада, а во актерската екипа на филмот биле: Шерли Полак, Гај Бојд, Милена Дравиќ, Соња Савиќ, Столе Аранѓеловиќ и Бред Пит кој во филмот го глуми синот на Милена Дравиќ.


„Јас го отрив Бред Пит. Од 400 актери кои беа на кастингот за овој филм го избрав него. Немав дилема дека нему ќе му ја доделам улогата. Кога му соопштив дека е избран, Бред оттрча до тревникот и почна да скока од среќа. На почетокот на 90-те години Црвена ѕвезда владееше по Европа, тој дојде во Белград да ме посети. Го однесов на натпревар. Беше воодушевен кога на „Маракана“ виде 100.000 луѓе и гласно навиваше за Ѕвезда“ - изјавил познатиот режисер за „Прес“.


„Бред ми кажа дека улогата во мојот филм му го промнила животот и дека сега е негов ред да ми помогне и да ми се одолжи. Имам идеја да снимиме мјузикл „Снежана и седумте џуџиња“. Му објаснив дека за таа приказна ме поврзуваат многу спомени. Меѓутоа од компанијата Дизни го снимија филмот и немаше смисла да се натпреваруваме со нив. Сигурен сум дека би снимиле добар филм. Ќе го убедам тоа да го направиме заедно“ - изјавил режисерот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг