Грант во одбрана на принцот: “Ја убија неговата мајка, а сега ја растргнуваат неговата сопруга на парчиња”

Точка

17/01/2020

14:15

4.745

Големина на фонт

а а а

59-годишниот популарен актер Хју Грант ја поддржал одлуката на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл да се откажат од должностите на англиската круна, да живеат во Канада и да стекнат финансиска независност.

Грант посебно истакнува дека потполно го разбира притисокот кои медиумите го вршат врз овој пар и дека не му се допаѓаат насловите за нив кои ги гледа насекаде, пишува “HuffPost”. 

“Јас сум на страната на Хари. Таблоидите ефикасно ја убија неговата мајка, а сега ја растргнуваат неговата сопруга на парчиња. Мислам дека негова должност како маж е да го заштити своето семејство”, рекол Хју во интервју за “Radio Andy Show”.

Актерот алудирал на трагичната смрт на принцезата Дајана, мајката на Хари, која настрада на 36-годишна возраст во сообраќајна несреќа во Париз. Дајана била повредена во несреќата, но била жива додека папараците стоеле околу автомобилот и ја фотографирале. Хари неколку пати го изразил своето гадење кон фотографите кои придонеле за несреќата, како и кон нивното однесување непосредно по несреќата. 

“Била сериозно повредена, но била жива. А тие луѓе кои ја предизвикале несреќата, наместо да ѝ помогнат, правеле фотографии додека таа умирала на задното седиште”, изјавил Хари за документарецот за “BBC” од 2017 година.


Во октомври минатата година, принцот рекол дека папараците сега ја атакуваат неговата сопруга и ѝ го загрозуваат животот, водејќи “немилосрдна кампања и не размислуваат за последиците”.

И самиот Грант имал многу негативни искуства со медиумите, а во ова интервју изјавил дека неговата соработка со британските медиуми е “многу сиромашна”.


Тој во 2018 година го тужел таблоидот “Mirror” поради тоа што му го хакнале телефонот, тврдејќи дека оваа компанија ги “злоупотребила информациите до кои дошла со хакирање на неговата говорна пошта, маскирани луѓе и следење и надгледување на неговото движење” помеѓу 1998 и 2009 година.

Хју Грант во оваа постапка добил шестцифрен паричен износ како надомест, кои ги донирал на антихакерската група “Hacked Off”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг