Принцот Хари за првпат се обрати во јавноста по драмата во кралското семејство – еве што порачал

Точка

16/01/2020

09:08

5.027

Големина на фонт

а а а

Војводата од Сасекс, принцот Хари, денеска се обрати пред јавноста за првпат по драмата која ја тресе Велика Британија и кралското семејство, откако тој и неговата сопруга Меган Маркл одлучија финансиски да се осамостојат.

Имено, на официјалниот Инстаграм профил на војводата и војвотката од Сасекс е објавено видео од обраќањето на принцот Хари, а темата е спортски игри. 

Иако се наоѓаат во екот на драма, Хари продолжил со своите обврски, а на социјалните мрежи зборувал за игрите “Инвиктус” кои претставуваат меѓународен адаптивен мултиспортски настан чиј основач е токму принцот.

Тој изјавил дека “приказната продолжува” откако го најавил продолжението на “Инвиктус Гејмс”, спортски игри за повредени воени ветерани кои принцот Хари ги основал во 2014 година.

Војводата од Сасекс исто така зборувал за силата на игрите во лекувањето, неколку дена откако тој и Меган објавија дека се откажуваат од своите улоги кои ги имаат како членови на кралското семејство.

Преку игрите, ранетите, повредените или болни припадници на вооружените служби и ветераните, му покажуваат на светот за што се способни преку низа адаптивни спортови, во распон од кошарка во инвалидски колички до веслање во затворено.


Принцот Хари служел 10 години во вооружените сили, а овој пат имал и јасна порака.

“Се надевам дека сите во Германија се спремни за неверојатната недела на спортот. Не се сомневам дека германската јавност ќе се најде зад овие игри и секој натпреварувач може да очекува срчедно добредојде”, рекол Хари во обраќањето.

Видеото за само половина час го погледнале половина милион луѓе. Принцот најави дека следните спортски игри за воени ветерани ќе бидат одржани во 2022 година во Дизелдорф, Германија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг