"Првата милијарда нема да биде проблематична": Тука лежи нивната "златна кокошка"

Точка

15/01/2020

12:40

4.940

Големина на фонт

а а а

Британската кралица Елизабета Втора ја известила јавноста дека им дава целосна поддршка на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, во нивната желба да продолжат да живеат со поголема независност и со друга насока во семејниот живот, но додала дека се надева дека ќе ги задржат должностите кои им припаѓаат.

Единствен простор во кој војводата и војвотката од Сасекс можат да бидат независни, а да ги задржат моменталните задолженија, е полето на финансиите. 

Двајцата неколку пати истакнувале дека не сакат да го финансираат својот живот од парите на даночните обврзници, но без разлика на тоа, Business Insider пишува дека младиот пар "лесно ќе дојде до своите први милијарди".

Дејвид Хеј, CEO на компанијата "Brand Finance" за BI зборувал за тоа колкав потенција за развој на бренд се крие во нивната популарност.

Тој тврди дека парот би требало да го копира проектот на Кајли Џенер и начинот на кој таа ја развивала својата козметичка линија.

Тој популарноста на Хари и Меган ја споредува со таа на Барак и Мишел Обама, која се покажала како клучна при пласирањето на книгите кои поранешната прва дама ги напишала.

"Влијанието на Меган се гледа и по тоа што се што таа ќе облече премиерно, буквално исчезнува од продавниците за многу кратко време", истакнува Хеј.

Нивниот заеднички Инстаграм профил добил 190.000 нови фанови последните седум дена откако го објавиле повлекувањето.

Експертите сметаат дека за секој спонзориран пост парот би можел да добие 150.000 долари. И тоа е почетната цена. Најголема заработувачка по една објава има Џенер (1.5 милиони долари), а брачниот пар Обама заработува 230.000 долари за една објава. Тука се крие капиталот за Хари и Меган.

Изгледа дека првата милијарда нема да биде проблематична.



Спонзорирани линкови

Маркетинг