Нови детали од кризниот состанок: Еве зошто Меган и Хари се повлекуваат од кралскиот живот

Точка

14/01/2020

15:15

5.305

Големина на фонт

а а а

Кралицата Елизабета вчера одржала состанок со внукот Хари и принцовите Чарлс и Вилијам, а нејзината снаа Меган се вклучила преку видео-повик од Канада.

Состанокот бил одржан во 14 часот по локално време, но Хари на имотот дошол уште во 11 часот.

Британските медиуми пишуваат дека тој и кралицата Елизабета два часа разговарале за причините за неговото напуштање на кралските должности, а на Меган не ѝ било дозволено да се вклучи во разговорот.


Принцот на неговата баба ѝ ги објаснил причините поради кои тој и сопругата повеќе не сакаат да бидат дел од кралскиот живот и зошто сакаат финансиски да се осамостојат.

Подоцна кралицата се согласила Хари и Меган да создадат нов живот, а за тоа подоцна на состанокот разговарале и со принцовите Чарлс и Вилијам и со самата Меган.

Една од најголемите причини за повлекување од медиумите е третманот кој Меган Маркл го има од страна на британските медиуми кои ја третираат сосема поинаку од Кејт Мидлтон. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг