Кривичен суд: Поротничката од „ТНТ“ се жалеше на закани, ќе ѝ го заштитиме угледот

Макфакс

09/01/2020

12:35

808

Големина на фонт

а а а

По низата преписки меѓу адвокатите во случајот ТНТ, Судскиот совет и Кривичниот суд, поротничката Лилјана Ивановска Кочковска поднела оставка до претседателот Иван Џолев.

Ивановска-Кочковска кажала дека прима закани за да се откаже од постапување во предметот ТНТ. Поротничката прифатила и натаму да постапува во претдметот, откако Џолев и кажал дека судот ќе го заштити нејзиниот интегритет и углед.

„Откако е посочено дека судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија – портоник и доколку е неоходно институциите може на секој судија и судија – поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се осгласи да продолжи да постапува се до евентуално разрешување од Судскиот совет. Новиот допис на адвокатот Јовица Страшевски кој денска беше доставен до медиумите само ги потврдува заканите и притисоците кои адвокатот – странка во постапката, се обидува да ги направи врз судот и судијата – поротник, кој одлучува во конкретната постапка, а за кои судот подолго време апелира и вчера побара соодветна реакција од надлежните органи“, велат од Кривичниот суд.

Од Кривичниот суд повторно го прозваа адвокатот Јовица Страшевски, зачудени дека иако официјално е на одмор и неможе да се појавува на закажани судења, денеска повторно продолжувал со притисоци и прозивки.

„Како и од каде адвокатот би знаел какви дописи се доставуаат до судот, од други лица, кога истите се доставуаат само до приемното одделение? Како се дозволува некој и понатаму да влијае на судиите и судиите – поротниции надвор од судница. Заради сите овие прашања судот повторно апелира до Министерството за правда, Адвокатската комора, Судскиот совет на РСМ и Јавниот обвинител да преземе соодветни мерки и да го заштити судот, бидејќи доколку овие „методи“ вродат со плод, истите може да бидат применети и во сите други судски постапки“, велат од Кривичниот суд.