Кога 7-годишно момче од Германија го заглавило јазикот во шише од сок, мајката веднаш го однела во Ургентниот центар, бидејќи сама не можела да му помогне.
Кога ќе се случи нешто вакво, лекарите обично го анестезираат пациентот и го сечат предметот, и на тој начин го ослободуваат јазикот.
Меѓутоа, овој пат докторот се сетил на еден друг трик кој претходно го користел за да отвори шише со вино кога немал соодветен “алат“ за тоа.
Имено, тој испуштил воздух низ каналот во шишето и јазикот под притисок се ослободил.
И неговите колеги се согласуваат дека прво треба да го пробаат овој трик пред да се одлучат за анестезија.
Се покажало дека позитивниот притисок е едноставна, ефикасна и безбедна техника за ослободување на јазик заглавен во шише.