„Нема да ви бидам маскота!“ - Ибрахимовиќ одржал антологиска конференција за медиумите во Милано

Точка

03/01/2020

16:25

3.204

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ потпиша шестмесечен договор со Милан по што во јавноста се обрати на многу интересен начин.

„Ме повика Паоло Малдини по мојот последен натпревар во Лос Анџелес. Добив многу повеќе понуди како 38-годишник отколку кога имав 20 години. Сакав уште една, последна “адреналинска грозница“, уште еднаш да дадам сè од себе.

Не ми беше тешко да донесам ваква одлука. Кога првпат го напуштив Милан, јас всушност и не сакав да си одам, беше тоа одлука на клубот. Тоа што сега е важно е дека сум тука и дека сакам да ги исправам работите колку што е можно повеќе.

Имам голема желба да играм за Милан, имам огромна почит и љубов за овој клуб. Историјата не можете да ја промените, АЦ Милан секогаш ќе биде АЦ Милан. И претходно имаше шанси да се вратам, Леонардо ми се јави...


Но, тогаш не се чувствував доволно подговтвен поради заздравувањето од моите повреди и сакав да продолжам да играм во Лос Анџелес каде што ми одеше добро.

Замиван во Америка за да почувствувам дека живеам. По две сезони во МЛС пожив сум од кога и да е - чувствувам дека сум подготвен за Милан“ - изјавил Ибрахимовиќ.


Ентузијазмот е секогаш присутен кај него:

„Ми недостасува топката меѓу нозете, но верувам дека набрзо ќе се вратам во форма. Којзнае можеби ќе одиграм денес пријателски натпревар во Миланело. Не дојдов јас тука за да бидам маскота, знам што треба да правам. Златан и понатаму е тука. А дуелот со Кристијано Роналдо ќе биде навистина интересен“ - изјавил шведскиот интернационалец.




Спонзорирани линкови

Маркетинг