На рускиот портал „Eda“ се појавил рецепт за автентичната руска салата кој ви го пренесуваме во продолжение.
Состојки:
- 500 грама компири;
- 300 грама месо;
- 200 грама кисели краставички;
- 2 моркови;
- 4 јајца;
- 200 грама конзервиран зелен грашок;
- 1 главица кромид;
- 1 лажица сенф;
- 1 жолчка;
- 1 лажица оцет;
- 300 милилитри растително масло;
- сол по желба.
Подготовка:
Сварете го компирот, месото, морковот и јајцата.
Исецкајте ги на мали коцки.
Исецкајте ги краставичките и кромидот и додадете го зеленчукот, а потоа и грашокот.
Ставете го сенфот, солта и жолчката во длабок сад и матете со миксер. Додека миксирате додадете го маслото и оцетот. Не престанувајте додека мајонезот не ја добие потребната густина.
Сега сите состојки од руската салата помeшајте ги со мајонезот.
Пријатно јадење!