Пејачката бесна поради изборите во Велика Британија: „Гласавте за децата да ви умрат“

Точка

13/12/2019

11:17

4.218

Големина на фонт

а а а

Пејачката Лили Ален се разбеснела по појавувањето на првите резултати од изборите во Велика Британија според кои конзервативците на Борис Џонсон освоиле најмалку 326 мандати, доволно за да осигураат поголем дел.

Прво таа ги прозвала сите за да гласаат за лабуристите и порачала дека “работите нема да се подобрат под власта на конзервативците“, а потоа споделила објава од некој твитерџија со која открила што мисли за победничката страна.

„Гласате за децата да ви умрат и да има помалку луѓе со темна боја на кожата, но работата е во тоа што на капитализмот му е петребна поевтина работна сила од странските земји за да ги искористува и со тоа никогаш нема да ја намали имиграцијата. Себеси се исмеа, Велика Британијо!“ - стои во објавата

„Се моли некој да ја повика Лили Ален на телевизија. Да го види тој привилегиран, преценет кловн кој не може да се помири со работите на ТВ“ - но Лили веднаш се огласила на тоа:

„Вриштам на своите привилегии секој ден. Баш и поради тоа знам колку сме расипани. Тоа постојано се обидувам да ви го кажам“ - одговорила пејачката.

Инаку, во својот говор откако ги добил поголемиот број од гласовите, Џонсон изјавил дека станува збор за историска победа која ќе му овозможи да ја почитува волјата на британскиот народ и да ја изнесе Велика Британија од ЕУ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг