По снимките за “Рекет”, се огласи сопругата на Кичеец: “Денес моето семејство е на тапет со овие гнасотии и лаги, утре можеби ќе бидете вие или вашите деца”

Точка

12/12/2019

21:18

12.013

Големина на фонт

а а а

Мелина Милевски, сопруга на првостепeно осудениот Зоран Милевски Кичеец во случајот “Рекет”, денеска се огласи по повод прислушуваните разговори кои се објавени на Јутјуб.

Таа во изјава за “Сител” апелираше до јавноста да не се шири злоба и омраза и повика на зачувување на интегритетот на нејзиниот сопруг и нејзиното семејство.  

“Ви се обраќам истовремено како човек, пред сè како мајка и жена. До кога ќе се молчи за ова што се случува? Треба ли жртви да сме ние семејствата, жените, децата, родителите? Има ли крај? Треба ли нашите деца да израснат во психички стабилни луѓе или треба да ги уништиме од мали?

До кога “вистината” ке ја креираат тие што плаќаат за да уништуваат невини деца, стари родители и луѓе кои никого не повредиле? До кога ќе го дозволиме ова самоуништување? Зарем немате деца? Зарем немате родители? Како би ви било вам ова да ви се случува? Ве молам, како човек, како мајка на пет деца. Ве замолувам да бидеме посвесни како луѓе и да не дозволиме да потпаѓаме на лаги. Денес моето семејство е на тапет со овие гнасотии и лаги, утре можеби ќе бидете вие или вашите деца. Ве замолувам уште еднаш да бидеме на страна на вистината и да не шириме злоба, омраза, навредување и рушење на интегритет во овој случај на мојот сопруг и нашето семејство. Се надевам дека моето искрено обраќање до вас ќе вроди со плод и сите заедно ќе го запреме ова лудило на рушење на семејството и невини луѓе со лаги, измами, гнасотии, местенки, манипулации…”, изјавила Мелина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг