Целосна реконструкција на улицата „Фредерик Шопен“ во Кисела Вода

Макфакс

18/09/2026

14:50

126

Големина на фонт

а а а

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, започна градежни активности за темелна реконструкција на улицата „Фредерик Шопен“, што е значаен инфраструктурен проект кој ќе го подобри сообраќајот и условите за живот во населбата Бирарија.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска изврши увид во почетокот на градежните активности за темелна реконструкција на улицата „Фредерик Шопен“.

Станува збор за значаен инфраструктурен проект во населбата Бирарија кој решава долгогодишен проблем на локалното население и значително ќе ја унапреди безбедноста во сообраќајот во овој дел од општината.

Проектот опфаќа целосна обнова на коловозот во должина од околу 350 метри. Се реализира во директна соработка со Министерството за транспорт, а се финансира со средства за капитални проекти од Владата на Република Македонија, обезбедени преку унгарскиот кредит.

– Денешниот почеток на градежните работи на улицата „Фредерик Шопен“ е уште еден цврст доказ за нашиот континуитет во градењето на модерна, безбедна и функционална општина. Ова претставува решавање на уште еден реален проблем на нашите сограѓани и вистински пример за тоа колку е важна синергијата меѓу локалната и централната власт. Заедничките капитални проекти се клучот за развојот на нашата општина и патот кон создавање квалитетни услови за живот за секој наш жител, истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.